ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовчанец ја однел пијаната мајка во болница и претепал болничар

Тетовчанец ја однел пијаната мајка во болница и претепал болничар

Брутално претепан медицински техничар од брзата помош во Тетово. Инцидентот се случил во три часот по полноќ, кога во брзата помош било пријавено момче со неговата мајка, која била во алкохолизирана состојба. Откако бил известен од медицинскиот техничар дека жената во ваква состојба треба да биде испратена на стационарното одделение, 28 годишниот син со иницијали М.Г. од Тетово, почнал да го удира со тупаници и клоци. Му скршил заби, носот и му нанел тешки повреди на рацете и нозете. После тоа, техничарот Џељаљ Нухиу бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега.

„Едно лице го доведе својот родител во алкохолизирана состојба и ме праша каде да ја носи? Со сестрата му објаснивме да ја испрати на интерното одделение по што без двоумење ме нападна и изгубив свест, потоа не знам што се случило. Имам сериозни повреди. Јас лично ниту знаев, ниту имав некакво несогласување со дотичниот, ниту знам како се случи тоа. Немавме апсолутно никаков вербален конфликт. Имам максилофацијални повреди, скршени заби, скршен нос, скршено колено, “ рече Џељаљ Нухиу, техничар за брза помош

Случајот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи во Тетово. Напаѓачот е уапсен.

„Вчера околу три часот по полноќ од слобода е лишен 28-годишниот М.Г. од Тетово. Преземени се мерки за целосно расчистување на случајот. Ќе поведеме претставка до основното обвинителство за целосно расчистување на случајот,“ рече Фатмир Реџепи- портпарол на полицијата на Тетово.

 Речиси секоја година има случаи на брутално претепување лекари во тетовската болница, но и покрај бројните апели и реакциите од Здружението на лекари, ваквите случаи сè повеќе се повторуваат. Во претпоследниот случај беше претепан лекар на одделението за кожни болести.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button