ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовец фатен со наркотици, одземено возило „хамер“

Доцна синоќа, околу 23.00 часот на паркинг од фирма во с.Порој, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31) од с.Порој, тетовско.

При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона, а притоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Тој е приведен во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, на А.Б. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button