ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово: Блокирани патишта од врнежи

Тетово: Блокирани патишта од врнежи

Синоќешните врнежи поплавија десетици подрум, а го блокираа и влезот на градот Тетово од Скопје. Пожарникарите синоќа интервенираа на 30 места, а најкритичен беше мостот на влезот во градот и мостот во Желино, каде беа заглавени неколку автомобили.

Advertisements

„…имавме над 30 повици каде што имаше потреба да се интервенира во подруми и различни куќи. Критичната точка беше во Голема и Мала Речица, како и подвозниците на влезот-излезот од градот. Во општина Желино интервениравме и во отстранување на комбе кое беше со луѓе, а денес продолжуваме да интервенираме со подвозниците. Патот и понатаму е блокиран, се надеваме дека за еден час ќе биде прооден за жителите“, рече Авни Амети , начачник ППТЕ ТЕТОВО.

Ваквите блокади се повторуваат секогаш кога има врнежи од дожд, а причина за тоа е лошата атмосферската канализација. Од Општината велат дека работат во насока на изработка на проектот за критичните точки.

„Работиме на решавање на проблемот со канализацијата за да нема повторување на поплавите за време на врнежите“, изјави Бесарта Рамадани, портпаролка на Општина Тетово.

Во наредниот период Општина Тетово, ќе излезе со соопштение со проценка за штетата од поплавите. Пред две недели врнежите од дожд и град што се случија во Тетово уништија над 500 имоти во земјоделски култури и станбени објекти. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button