ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово/ Данок на имот – Половина граѓани и 20 отсто од бизнисите избегнале плаќање

Иако во општина Тетово има софтвер за наплата на данок на имот, за разлика од случајот со Арачиново, кој Алсат го истражуваше пред неколку дена, во Тетово има систем за наплата на даноци, но недостигала реална моќ на локалната самоуправа да наплатува. На тоа се чини се надоврзува и граѓанската култура за плаќање на даноците.

Нашето истражување со општините во земјава, покажува дека во Тетово овој данок никогаш не бил наплатен повеќе од 60%. За последните 4 години новиот градоначалник Биљал Касами, вели дека граѓаните по основ на неплатен данок должат 3,5 милиони евра. Касами вели дека ќе ја прекине оваа традиција во Тетово која важела во времето на владеењето на Теута Арифи и гарантира дека парите ќе ги собере до крај. Ќе ги бара од граѓаните преку други правни форми.

„Само во последните 4 години не се платени над 3,5 милиони евра данок на имот. Ние ги преземаме сите неопходни мерки согласно законот за исполнување за сите неподмирени обврски од страна на граѓаните. Постои и онлајн систем за плаќање даноци. Во моментов имаме уред кој е на влезот на општината. Разгледуваме можност да овозможиме плаќање и на други точки преку различни уреди или преку интернет. Добивме проект за дигитализација на општина Тетово. Во тоа е и дигитализација на различни даночни плаќања кои се во рамките на локалната власт“, рече Биљал Касами- градоначалник на општина Тетово

Од друга страна, една студија на Центарот за граѓански комуникации за плаќањето данок на имот, покажува дека во општина Тетово најдисциплинирани се фирмите. Имено, продавниците и другите деловни субјекти кои го платиле овој данок се над 80%, а процентот на граѓаните е околу 50%. Од овој центар со нивните истражувања ја потврдија веста на Алсат дека Арачиново е општина со 0 денари наплатен данок на имот, но освен оваа општина, во последните три години студијата покажува дека и Маврово-Ростуша е со 0 денари, а Центар Жупа не надминува 20%. Најмногу плаќаат Македонска Каменица, Дебар, Аеродром итн. Герман Филков, од овој центар не се согласува со помошта што Владата повремено им ја дава на општините за да си ги подмируваат долговите. Тој дури нагласува дека пружањето на помош за општините треба да се заснова на способноста што тие ја имаат во собирањето даноци и со управувањето на парите.

„Пристапот на општините, граѓаните и фирмите кон овие даноци говори за успехот на општините во управувањето со народните пари. Мислам и дека ако една општина покаже дека не може да собира пари од данок, мислам дека не треба ни да се осмели да бара пари од Владата, бидејќи докажа дека не знае да управува со парите и со сите пари. тоа ќе даде ризици да не се управува правилно. Владата не може да интервенира кај општините, туку може да ги условува, да дадат пари за покривање на долговите доколку имаат висок процент на наплата на даноците“, изјави Герман Филков – Центар за граѓански комуникации.

Филков вели дека како што општините бараат од граѓаните да плаќаат даноци, така и тие како институции мора да бидат максимално транспарентни во трошењето на парите со кои располагаат. /Алсат.мк

Еви Шкопи 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button