ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово ќе ја укинува одлуката за „Шик Јелак“ на црногорскиот бизнисмен Дака

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека проблемите со кои се соочува општината се многубројни. Според него, пренатрупаната и нефункционална администрација од претходното раководство се одразува на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. По вчерашната неуспешна седница, за утре е свикана вонредна седница на Советот на општината за укинување на одлуката од претходниот состав за имотот на фирмата „Шик Јелак“, каде контроверзен црногорски бизнисмен сакаше да гради станови.

„Свикавме вонредна седница за утре во 12 часот и таа одлука ќе биде донесена. Граѓаните на Тетово ќе бидат информирани за сите процедури за ревизија на тој план и планот ќе биде усвоен според сите процедури почнувајќи од јавната дебата. Има многу прекршувања. Едно од нив е урбанистичкиот аспект бидејќи во целата линија на улицата Индустриска е предвидена изградба на шесткатница која ќе создаде дополнителни проблеми со воздухот во Тетово. Така, свое мислење за тоа ќе дадат и експертите за животна средина.“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button