ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, постапка за запирање на урбанистичкиот план за блок 57

Советот на општина Тетово го одобри решението за поведување постапка за запирање на урбанистичкиот план за блок 57 бидејќи треба да се изврши детално вештачење. Вонредната седница беше свикана на барање на градоначалникот Биљал Касами, бидејќи според него, овој детален урбанистички план бил одобрен со сомнителна постапка. Составот на Советот на општината во минатиот мандат под раководство на Теута Арифи го смени деталниот урбанистички план на урбаниот блок. Подоцна беше објавено дека промената е направена за да се продаде дел од имотот на „Шик Јелак“ на српско-црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Советниците на ДУИ и на СДСМ беа против за ова прашање да се расправа на вонредна седница. За иницијативата беа советниците од Беса, Алтернатива, ВМРО и независните советници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button