ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, светски рекорд по аерозагадување, рамо до рамо со Кабул и Катманду

Тетово стана светски рекордер на загаденост. Глобалната база на податоци „Numbeo“ го смести Тетово на првото место во светот на градови чии жители дишат најзагаден воздух. Според светската база на податоци, индексот на загадување во Тетово изнесува 96,47, блиску до аерозагадувањето во главниот град на Непал, Катманду и Кабул во Авганистан.

„И оваа година како порано, властите не успеаја да преземат доволно мерки за намалување на проблемот со загадувањето на воздухот во нашата земја, како и законито да се задоволиме со препораки и слаби марки, кои ние ги викаме козметички мерки…“

Од Општина Тетово тврдат дека даваат сè од себе за почист воздух. Тврдат дека ги засилиле инспекциите, особено во погоните за дрвна индустрија, кај автомеханичарите и во станиците за технички преглед.

Во меѓувреме, денеска градоначалникот на Скопје, кој воедно е и претседател на Заедницата на единиците на локалните самоуправи, денеска го најави меѓуопштинскиот договор за заеднички еколошки инспекции во главниот град. Но, потпишувањето доби ново одложување, за следната недела. Инспекторите во скопските општини требаше уште од октомври заедно да лоцираат дивоградби и загадувачи, но на крајот остана да се користат инспектори само во ресорот екологија.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button