ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Теута Арифи позитивна на Ковид-19

 Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку профилот на Фејсбук објави дека е позитивна на Ковид-19.

Таа, како што пишува, имала малку зголемемена телесна температура и болки во коските по што одлучила да се тестира.

– Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија, напиша Арифи.

Таа била вакцинирана со две дози и ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат што е можно поскоро.

Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да биде инфициран секој. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас, напиша Арифи. 

Од Општина Тетово соопштија дека денеска таа добро се чувствува. Соработниците од Кабинетот се тестирале за Ковид-19, а меѓу нив нема заразени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button