ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во тетовската болница, оштетени цевките на системот за кислород

120 пациенти со ковид 19 што лежеа во тетовската болница, утрово, беа во опасност да останат без кислород, како резултат на обидот од страна на непознато лице да ја пресече цевката што ја снабдува болницата со кислород. Ова се случи во раните утрински часови, кога засега непознато лице, со тврд предмет, исклучи две цевки од системот за кислород, додека за среќа, не успеа да ја исече третата цевка, која снабдува неколку одделенија со хоспитализирани со корона кои се поврзани на кислородна поддршка.

Неидентификувано лице или лица ја оштетиле споредната цевка за снабдување со кислород во болницата, но за среќа не ја оштетиле главната што снабдува со кислород 120 хоспитализирани пациенти… Доколку таа главна цевка беше пресечена, за кратко време ќе требаше да ги пренесеме пациентите во Скопје или на други места каде што имаме малку кислород. Тоа би било вистинска катастрофа. Иако цевките се на безбедно место, тие што го извршија ова кривично дело навлегле во овој простор – изјави Гезим Нуредини, раководител на ковид центарот во тетовската болница.

Случајот го потврдија од Секторот за внатрешни работи, кои велат дека се трага по сторителите и се работи на расветлување на случајот.

Инаку, двете оштетени цевки биле наменети за салите на новата клиника за итни случаи, поточно за операционите сали кои сe уште не се ставени во функција. Истите, денеска напладне беа заменети и ситуацијата е вратена во нормала.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button