
По одморот во Португалија, новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота пристигна во Торино и по вечерата со спортскиот директор Џунтоли, започна да го планира почетокот на подготовките за новата сезона.
Јуве со новиот предводник ќе започне да тренира в среда, без сите репрезентативци кои настапија на Европското првенство и Копа Америка. Нови имиња во тимот од минатата сезона се Даглас Луиз и Де Грегорио. Се преговара за потпис на уште неколку фудбалери, а меѓу најспомнуваните се Кефрен Турам и Копмајнерс.
Мота со „Старата Дама“ парафира соработка до јуни 2027 година, односно на три сезони. Клубот му го довери проектот на еден од најбараните млади и перспективни италијански тренери. Целите на Јувентус со Мота се враќање на победничките патеки и во битката за трофеите во Италија и Европа.