ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Тие се во брак 82 години и имаат некои совети за вас

Со оглед на тоа дека и двајцата ја “прегазија” стоттата година, а во брак се цели 82 години, можеби овие нивни совети за успешен брак вреди да се послушаат.

Додека ја прославуваа годишнината од бракот опкружени со семејството и пријателите, Николас и Рафаела Ораз ги открија тајните за долговечна љубов.

1. Почитувајте се еден со друг

2. Покажувајте ги своите чувства

3. Не се замарајте со малите работи

Иако звучи многу лесно, некогаш овие наједноставни работи можат да бидат и најтешки, но нив дефинитивно им успеало да ги остварат.

Нивната внука Летиција Ордаз истакна дека тие двајца редовно и понатаму се бакнуваат и се галат, па ни страста кај овие „гулапчиња“ не изостанува!

Тоа е уште поимпресивно поради фактот што заедно имаат 202 години – Николас наполни 102, а Рафаела има 100 години.

Моментално им недостасуваат уште четири години за да го срушат Гинисовиот рекорд за најдолг брак, а како што тргнале веруваме и дека ќе успеат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button