ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тим на ДЗС спаси двајца планинари на Шар Планина

Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно пронајде и спаси двајца планинари на Шар Планина, објави ДСЗ на својот Фејсбук профил.
– Успешно пронајдени и спасени планинарите од страна на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување, се наведува во објавата.

ДЗС посочува дека еден од планинарите бил повреден и му била извршена брза интервенција на коленото.

– Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон село Вешала, се додава во објавата.
Станува збор за двајца планинари кои пријавиле дека се повредени, а се наоѓале над селото Вешала, на патека што води кон врвот Кобилица, во близина на границата кон Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button