ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тинејџери на 13 и 14 годишна возраст силувале и убиле жена во Струмица

Деца на 13 и 14 годишна возраст се осомничени за силување и убиство на 67 годишна жена од Струмица. Хоророт се случил вчера во оваа барака во центарот на Струмица во која таа живеела. Внатре полицијата го пронашла нејзиното безживотно тело откако излегла на увид по добиена пријава. Веднаш е направена обдукција по што се утврдило дека смртта настала насилно. Малолетниците се уапсени.

Полициски службеници од оделот за криминилистичка полиција и Секторот за внатрешни работи во Струмица по добиени оперативни сознанија за разбојништво и силување во куќа во Струмица извршија претрес и притоа е пронајдена мртва 67 годишна жена од Струмица. Направена е обдукција и при обдукциата е утврдено дека смрта настанало насилно по пат на задушување – изјави Тони Ангеловски-Порпарол на МВР.

Полицијата за кратко време ги пронашла и ги привела двајцата малолетници. Еден на 14 годишна, а другиот на 13 годишна возраст. Откако биле испрашани од надлежен обвинител, на 14 годишникот му е утврдена мерка притвор. Една година помладиот е сместен во институција под надлежност на Центарот за социјални работи во Струмица.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button