РЕГИОН

Тирана – Откриена меѓународна мрежа што вршела компјутерски криминал

Обвинителството во Тирана и секторот за компјутерски криминал сузбија меѓународна мрежа која нелегално заработила скоро 4 милиони евра. Шемата е наречена „Измама за плаќање преку е-пошта“ според која уапсените лица, заедно со други лица надвор од Албанија, ги контролирале електронските комуникации помеѓу клиентите и трговските субјекти. Откако ќе упаднале во компјутерскиот систем, тие ги следеле конкретни исплати на средства и ги повлекувале. Сомневањата се дека тие ја вршеле ова криминална активност подолг период од околу 2 години. Компаниите што биле жртви на оваа измама се од целиот свет, меѓу нив и од САД, Германија, Англија, Белгија и Швајцарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button