ВЕСТИСВЕТ

Тоа е дискриминација! Романија против грчкиот предлог за патување низ ЕУ само со сертификат за вакцинација

Романскиот претседател, Клаус Јоханис, синоќа оцени дека предлогот, сертификат за вакцинација од кoвид-19 да се користи за олеснување на патувањата на европските граѓани, не е добар, посочувајќи на можноста за дискриминација.

Тој изрази уверување дека треба да постојат потврди за вакцинација, но оти мора да се користат од медицински причини, пренесува Аџерпрес.

Јоханис најави и дека ќе ја прими вакцината против ковид-19 на јавен настан во петок, на 15 јануари.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера предложи ЕУ да воведе единствен (унифициран) сертификат за вакцинација против коронавирусот, кој ќе важи за сите земји членки и ќе го олесни патувањето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button