СПОРТ

Токио 2020, Франција и Шпанија разочараа

Шпанија и Франција разочараа на првите натпревари од Олимписките игри „Токио 2020“. Шпанија одигра реми против Египет, иако имаше доминација. Франција од друга страна беше изненадена од Мексико, и забележа пораз од 1-4. Вега го отвори резултатот во 47-та минута, пред Кордоба, Антуна и Агире да постигнат гол за Мексико, а почесниот погодок за Франција го постигна Жињак во 69-та минута. На другите натпревари Нов Зеланд ја победи Јужна Кореја со 1-0, Брегот на Слоновата Коска победи со 2-1 против Саудиска Арабија и Австралија триумфираше над Аргентина со 2-0. Олимпијадата официјално започнува утре, но фудбалските натпревари започнаа порано со оглед на големиот број на натпревари и густиот распоред.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button