ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Толај ги демантира обвинувањата од заменик министерот за култура

Толај ги демантира обвинувањата од заменик министерот за култура

Штотуку разрешениот директор на Ансамблот за албански песни и танци Шкодран Толај, ги нарекува невистинити изјавите на заменик-министерот Седат Сулејмани дека нанел голема штета на културата, зашто не огалсил повторна аудиција што довело до тоа 33 вработени во Ансамблот да останат без работа, злоупотребил средства и вршел мобинг врз вработените.

Мобингот беше пријавен од самите вработени на социјалните мрежи, додека заменик-министерот Сулејмани ги наброја прекршоците што Толај ги направил за време на управувањето на Ансамблот.

Толај, пак, вели дека ваквите тврдења се невистинити, и наведува дека

1) На 33 вработени им истекле договорот за работа

2)      Во ниту еден случај не станува збор за незавршена ревизија

3)      Министерството за култура да прави разлика помеѓу конкурсот за аудиција и повторна аудидиција

4) не е точно тврдењето дека за проектот Balkan Tour во 2023 година неосновано се потрошени 177.000,00 денари

5)    тврдењето дека шест месеци не сме испратиле финансиски извештај е невистинито.

Толај алудира дека невистините на Сулејмани се пренесени од АЛСАТ, па дури и тврди дека новинарот го прекршил кодексот на новинарство зашто не била пренесена негова изјава. АЛСАТ го уверува Толај дека тој е коретно пренесуван во вестите,преку неговите Фејсбук статуси. Алсат исто така објавуваше  и за прекршувањата во неговата работа кои ги констатираше Инспекторатот на Министерството за култура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button