ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Топалов: Македонските историчари се фалсификатори, македонскиот јазик е српско-бугарски дијалект

За членот на бугарската комисија за историски прашања, профсорот Кирил Топалов членовите на  комисијата од македонска страна биле добро обучени фалсификатори на историјата кои иако ги знаеле фактите, не сакале да се усогласат со нив.

Тој во своето интервју за БГНЕС, меѓу другото, го коментира и ставот на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, за што вели дека е провокација како за Бугарија, така и за Грција.

„Неодамна претседателот на нивната академија на науките, Љупчо Коцарев, излезе со шокантна изјава, која всушност политички ги испровоцира и Бугарија и Грција. Тој рече дека во Македонија е создадена македонската азбука и македонскиот јазик, дека Климент и Наум Охридски ја создале македонската духовност и литература и потоа ја дале на целиот словенски свет, дека македонскиот јазик се зборува низ цела Македонија – Егејска, Пиринска и Вардарска. Ова е политички иредентизам. Тоа значи дека утре може да имаат претензии за Пиринска и Егејска Македонија“, вели Топалов.

Во интервјуто Топалов оценува дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година, особено делот за општата историја.

„Тоа значи дека до 1944 година бевме еден народ со еден јазик – бугарски народ со бугарски јазик. Потоа ја создадоа оваа српско-македонско-дијалектно-бугарска мешавина што ја нарекуваат македонски јазик. Тие може си го нарекуваат како што сакаат. Но, наше право е да го признаеме како таков или не. Ние сакаме многу малку од нив, тие не се подготвени да се откажат, дури ни не го почитуваат договорот“, вели  Топалов.

Според него, бугарската позиција кон Македонија во 2022 година треба да остане отворена за дијалог, отворена за деловни односи и како што вели „подготвена да помогне на нашата земја и на луѓето од нашата крв да се приклучат кон ЕУ“.

„Ова е наша желба и никогаш не би го жртвувале нашиот идентитет за друга цел. Тоа би бил крајно погрешен потег и мислам дека сите го разбираат тоа. Ова е сложено прашање што се однесува на еманципација на Македонија од Србија и оттогаш нашата братска држава да почне да гради сопствена политика и односи. Бугарската рака е секогаш подадена“, вели Топалов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button