ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Топланата Скопје Север бара неповратна буџетска помош, а должи пари за лани

Топланата Скопје Север бара неповратна буџетска помош, а должи пари за лани

Секое утро граѓаните на Чаир и Бутел кои дома користат парно од Топланата Скопје Север се будат во неизвесност дали домот ќе им биде студен или топол. Секоја грејна сезона 500 домаќинства и 15-тина јавни објекти имаат сериозен проблем со топланата. Пред неколку дена овие граѓани и институции останаа два дена без греење, па државата се смилува и реши во име на добрата волја, со буџетски средства да обезбеди греење за следните 10 дена. Граѓаните се револтирани и го обвинуваат секое раководството кое ја водело топланата, а за актуелното велат дека е максимално несериозно.

„Ова со парново не се случува само оваа година, енергетска криза па измислуваат разни приказни. И претходната година и други години, баш кога треба најмногу да се користи тогаш ќе пуштат три дена, па пет дена, па малку ќе пуштат, па не пуштаат и никој за тоа не сноси одговорност. Цела година се плаќа секој месец и сега ни викаат 300 денари ќе ви намалиме во јануарска сметка. Не треба да ни намалите, треба да купиме клима сега, греалка“, рече еден граѓанин.

Инаку, топланата бара од државата да ѝ даде неповратни средства за оваа грејна сезона да набави природен гас со кој ќе произведува топлинска енергија. Но, државата тоа не го прифаќа и бара да биде потпишан договор дека евентуалниот заем ќе биде вратен. Но, Скопје-Север ги нема вратено ни парите кои од државата ги добила и лани како помош за набавка на природен гас.

„Овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет“, велат од ЕСМ.

За проблемот да биде уште поголем е тоа што корисниците на парно не можат да добијат конкретна информација ниту од топланата, а ниту пак да се информираат од медиумите. Актуелниот директор на Скопје Север, Куштрим Рамадани, не одговара на пораките и телефонските повици на Алсат, да ја информира јавноста кои се плановите и на кој начин ќе се реши овој проблем./Alsat.mk

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button