ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Toплото време го зголеми бројот на сообраќајки

Toплото време го зголеми бројот на сообраќајки

Високите летни температури индиректно влијаат и во зголемувањето на бројот на повици што ги добива Брзата помош. Од таму потенцираат дека во рок од 24 часа добиваат од 200 до 300 повици, а најголем број од нив се поврзани со сообраќајни несреќи и трауматски случаи. Топлото време предизвикува напнатост и нервоза кај граѓаните.

Граѓаните велат дека понекогаш мора да излегуваат во најтоплиот дел од денот, но се трудат да постапуваат по препораките на лекарите.

„Можеме да издржиме по малку што да правиме. Ги слушаме препораките, но бевме принудени денеска, петочна молитва.“

Понекогаш мора да се излезе среде жегата за лекови и храна.

„Малку под сенка, малку на сонце, така, кога имаме можност остануваме дома, но кога треба да излеземе да земеме лекови, храна, треба понекогаш да излеземе. Но, на големите горештини, остануваме дома под сенка.“

„Се снаоѓаме некако бидејќи сме навикнати на жешко секоја година, се научивме, се адаптиравме. Со препораките на лекарите, кога е беше многу жешко, останувавме дома.“

Лекарите препорачуваат преку денот да се пијат многу течности, да се јаде лесна храна, да се носи светла облека и да се избегнува непотребно излегување среде денот.

Ајнур Баќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button