ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тортевски: Ниту СДСМ ниту ВМРО не се достојни да бидат дел од проширената влада

Адвокатот Александар Тортевски го опишува како лицемерен ставот на премиерот Зоран Заев за проширената Влада. Според Тортевски, виновникот зошто нацијата и државата се наоѓаат во криза е токму Заев и тој не може да биде дел од решението на проблемот.

Тортевски додава дека ниту опозицијата нема кадри кои би придонеле во оваа насока. Според него, сè додека ВМРО-ДПМНЕ не се ослободи од груевизмот, таа не може да биде вклучена во реформските процеси.

Ставот на премиерот Заев за проширената влада дојде само неколку дена откако тој го потврди мнозинството со 62 гласа во Собранието преку гласањето на доверба за Владата.

Aдриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button