Тошковски нема официјални информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер во бегство
Тошковски нема официјални информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер во бегство
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека надлежните институции немаат официјално потврдени информации за тоа каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тој го повика Груби доброволно да се врати и да ја докаже својата невиност, иако постојат основани сомнежи дека тој и неговиот партнер непријателски го ограбиле народот. Тошковски рече дека надлежните органи работат и доколку Груби не сака доброволно да се врати, тогаш ќе биде вратен со екстрадиција.
Во меѓувреме и денеска продолжија препукувањата помеѓу владејачките и опозициските партии за тоа кој е виновен за постапките и бегството на Груби.
„Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно меѓусебно се обвинуваат, нивната неформална соработка е повеќе од јасна. Граѓаните ги видоа заедничките гласови во Собранието, додека кулминација беше скандалозното бегство на Артан Груби во странство, слободно преку граница“, велат од СДСМ.
Поранешниот вицепремиер Артан Груби речиси еден месец е недостапеен за органите на законот. Груби се бара со меѓународна потерница, како и Бајрами, поранешен директор на Државната лотарија. Двајцата се осомничени дека го оштетиле државниот буџет за над 8,2 милиони евра. Претходно Груби заврши на американската црна листа за корупција и мешање во судските процеси за спас на Сашо Мијалков./Алсат.мк
Ајнур Бафќари