Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Нека им е со среќа, тоа е низок обид за манипулација

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им посака среќа на пратениците од „Европскиот фронт“ кои вчера поднесоа интерпелација за неговата работа.
Според Тошковски, интерпелацијата поднесена од „Европскиот фронт“ е низок обид за манипулација на јавноста.
Министерот денеска прашан за коментар околу интерпелацијата рече дека собранието ќе постапи како што смета.
„Тезите што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата особено од страна на ДУИ навистина сами по себе се контрадикторни. Сметам дека македонскиот граѓанин и народот добро знае што стои позади оваа интерпелација од аспект на нивното барање. Нека им е со среќа, ќе си постапи собранието во насока на она што смета. Искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста“, рече Тошковски.