ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трајанов: Поради “виша сила“ (Vis maior) пописот да се одложи

На денешната прес конференција, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со пописот, предложи одложување на пописот, политички консензус за времето на негово одржување и имунизација на попишувачите.

„Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради тоа што: се влошува епидемиолошката состојба, вирусот се шири, има голем број на заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се касни (нема вакцини), иселениците, Македонци досега не се попишаа, голем број на граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање.

Сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен, а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност.

Затоа предлагаме Владата да направи анализа на состојбите и донесе одлука за одложување на пописот и предложи Парламентот да донесе Закон за одложување на истиот.

Инаку сигурни сме во тоа дека пописот е значајна статистичка операција, државата го спроведува, но за успешно завршување на истата неопходен е граѓански и политички консензус, рече Трајанов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button