ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трајанов: Сакаме да ги видиме двата предлога

Претседателите на партиите коишто се дел од владината коалиција денеска пред средбата во Владата изјавија дека очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да ги информира за франскиот предлог со којшто би се тргнало ветото за влез на земјата во ЕУ.

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека прво и најбитно е тоа што предлогот ниту првиот, ниту вториот тие како коалициски партнери не го добиле и оти не можат за првиот да изградат став врз основа на она што го објавија медиумите во Бугарија и овде кај нас.

„Ќе барам прво што е најважно да го обезбедиме предлогот, да имаме временски простор да го разгледаме, да направиме сериозна анализа, да консултираме експерти и после тоа да го изградиме нашиот став. За секој случај ќе инсистираме и првиот и вториот предлог да ни бидат доставени и ќе бараме од Владата, од МНР во писмена форма во што е суштината на новиот променет предлог”, изјави Трајанов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button