Трамп најави воведување тарифи за челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд Трамп најави увозен данок од 25 отсто за челик и алуминиум што влегуваат во САД, потег кој што најсилно ќе се одрази врз Канада.
Ова означува уште една ескалација во трговската политика на Трамп, што веќе предизвика одмазда од Кина. Новиот претседател на САД исто така рече дека во текот на неделава ќе има објава за реципрочни тарифи за сите земји кои го оданочуваат увозот од САД, но тој не прецизираше кои нации ќе бидат цел, ниту дали ќе има некакви исклучоци.
За време на неговиот прв мандат, Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум од Канада, Мексико и Европската унија.
Но меѓувреме постигнаа договор со Канада и Мексико за ставање крај на тие царини, иако увозните даноци на ЕУ останаа на сила до 2021 година.
Како одговор, Даг Форд, премиерот на провинцијата Онтарио, во објава на интернет го обвини Трамп за „поместување на столбовите и постојан хаос, ставајќи ја економијата на земјата во ризик“.