ВЕСТИСВЕТ

Трамп: Нанесената штета врз нуклеарните постројки во Иран е монументална

Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална.

„Како што покажуваат сателитските снимки, монументална штета е нанесена на сите нуклеарни постројки во Иран. Уништување е вистинскиот термин! Најголемата штета се случила длабоко под нивото на земјата“, напиша тој во објава на својата социјална мрежа.

Advertisements

Трамп ѝ се заблагодари на американската војска, оценувајќи дека покажала големи вештини.

„Ударите беа силни и прецизни. Нашата војска покажа голема вештина. Пилотите на бомбардерите Б-2 штотуку слетаа безбедно во Мисури. Ви благодариме за добро завршената работа!“, порача претседателот на САД.

Во засебна објава, Трамп се осврна и на политичката состојба во Иран, велејќи дека ако сегашниот режим не е во можност „да го направи Иран повторно голем“, тогаш неговата промена е неопходна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button