
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди во 1963 година, исполнувајќи го своето предизборно ветување за поголема транспарентност за кобниот настан во Тексас.
Строго доверливите досиеја за атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди се објавени на веб-страницата на Националниот архив.
Пред објавувањето, Белата куќа рече дека Американците ќе бидат „шокирани“ од откритијата во документите.
„Ќе ги објавиме сите досиеја на Кенеди. Луѓето го чекаа ова со децении. Имаме огромен број документи. Ќе имате многу за читање“, рече Трамп.
За време на неговата кампања во 2024 година, Трамп вети дека овие документи ќе ги стави на располагање како дел од пошироките напори за зголемување на владината транспарентност.