Опкружен со студенти и наставници, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба во Белата куќа за затворање на Министерството за образование, објави „Ројтерс“.
Агенцијата забележува дека на тој начин Трамп ги исполнува своите долгогодишни предизборни ветувања на републиканските гласачи.
„Ќе го затвориме“, рече американскиот претседател непосредно пред потпишувањето на извршната наредба, додавајќи: „Ќе го затвориме и ќе го направиме тоа што е можно побрзо“.
Така, образовната политика во училиштата ќе остане речиси целосно во надлежност на поединечни држави и локални совети.
„Ние едноставно ќе го вратиме образованието на владите на државите каде што припаѓа“, рече американскиот претседател.
Одлуката ќе го означи почетокот на „затворањето на одделот“, како што изјави Трамп за време на церемонијата на потпишување на извршната наредба, но за неговото конечно затворање е потребно одобрение од Конгресот. А претседателот ја нема потребната поддршка за ова, пишува Ројтерс.