ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тренческа: Власта да прифати пет отсто ДДВ за струја, а за храната да нема ДДВ

Пратеничката Јованка Тренческа од СДСМ денеска на прес-конференција повторно го повика владејачкото мнозинство да ги прифатат нивните законски решенија за намалување на ДДВ-то за струја на 5 отсто и укинување на ДДВ за храна.

Според неа, само така веднаш ќе им се помогне на граѓаните кои, како што вели, едвај врзуваат крај со крај и живеат се потешко.

– Животот во Македонија станува сè поскап, граѓаните имаат сè помалку пари и тешко ги задоволуваат основните потреби. Статистика измери дека индексот на трошоците на животот се пораснати за 4.9 отсто, цените на мало вртоглаво растат додека сметките за струја се зголемија од 20 отсто до 30 отсто, а за парно за 5 отсто. Политиките со таканаречени „кошнички“ на владата доживеаја тотален дебакл, наместо се намалат цените на производите и на храната се зголемија, рече Тренческа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button