ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Кадар има, но недостигаат градинки

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, демантира дека има недостиг на кадри во градинките во земјава и покрај поплаките што ги упатија управителите. Во емисијата „Економски магазин“, Тренчевска рече дека секаде има доволен кадар, но недостигаат капацитети.

Но, во изјава за Алсат од градинката „Младост“ во Тетово, велат дека имаат голем недостиг на кадар, што се одразило и на обезбедувањето соодветни услуги за децата.

„Од јуни 2022 година до декември поднесовме 37 барања за вработување. Од нив 6 беа слободни работни места по систематизација, пензионирање или престанок на работен однос, а за 31 побаравме согласност од Министерството само за дозвола за вработување зашто буџетот го обезбеди општина Тетово. Позитивен одговор добивме само за три работни места и одговорот го добивме на 28 декември во календарската 2022 година“, рече Фатлинда Јаја. Директорка на градинката „Ринија“ Тетово.

Градинката во Тетово во сите свои капацитети згрижува над 1500 деца. На списокот за да се пријават, чекаат над 150 деца. Многу дневни установи се соочуваат со голем број деца и долги листи на чекање, како Чаир, Аеродром, Куманово и многу други.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button