СВЕТ

Трет ден активен пожарот во близина на Атина

Трет ден противпожарните сили во Грција од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а првичните процени се дека досега е изгорена површина од над 8.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина.

Огнените јазици се доближија до неколку куќи, но противпожарните сили успеаја да ги спасат, а од утрово, со првите зраци од сонцето, повторно интервенираат и воздушните средства, со оглед на тоа дека пожарот е во планински непрооден дел.

Според противпожарната служба на Грција, со огнената стихија се справуваат 370 пожарникари со девет пешадиски тим и 130 возила, осум хеликоптери и три авиони, а помагаат и 143 пожарникари со 46 возила од Полска, но и волонтери, цистерни од локалната самоуправа и пешадиски тима од војската.

Од Секретаријатот за цивилна заштита за грчката новинска агенција АНА-МПА рекле дека првичните процени се дека во пожарот што е активен од понеделникот, изгореле над 8.000 хектари шума, а оваа бројка може дополнително да се зголеми.

(Фото: АП)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button