ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Третина од персоналот во ургентниот центар во Тетово се во изолација

17 членови на персоналот за итна медицинска помош во Тетово завршија во изолација, бидејќи дел од пациентите кои побарале домашно лекување, криеле дека се позитивни.

„Во моментов седумнаесет лица од тимот се во изолација, од кои некои излегоа од изолација, а некои се уште во изолација. Најголемиот проблем што го имаме е што повеќето луѓе ги кријат симптомите дома и кога ќе пристигне брзата помош, веќе е доцна. Како амбуланта, во текот на 24 часа имаме приближно 30 интервенции, ако го споредиме ова, во последните три месеци имаме драстично зголемување на бројот. Значи, имаме многу повици, но имаме и многу злоупотреби од оние кои воопшто не кажуваат дека се позитивни”, рече Миранда Пајазити, доктор за итни случаи.

Главниот проблем на ургентниот центар во Тетово е што истиот треба да служи и за руралните општини затоа што тие немаат систем за итни случаи, поради што има доцнења на терен.

“Не можеме да  постигнеме како брза помош со две комбиња и навистина е тешко за нас. Би било добро за нив да ја олеснат нашата работа и да формираат брза помош”, додава Пајазити.

Во тетовската ургентна служба работат околу 60 лица, од кои третина се во изолација. Услугите за пациентите се вршат со три возила за итни случаи, две за заразените од коронавирус и еден автомобил кој се користи за несреќи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button