ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три гостиварски семејства егзистираат во нечовечки услови

На картон, на кој има само едно ќебе. Без светла, без вода и без тоалет. Вака живее тричленото семејство Абдии од Гостивар.

Просториите во кои престојуваа пред шест месеци ги зафати пожар и три семејства останаа на улица. Подоцна овие соби ги импровизираа со дрво, најлон и со картон за да се заштитат од студ. Вака ја поминале зимата, без шпорет за греење.

„Ова е собата. Кога изгореа работите, каде јас живеев 31 години, пред шест месеци, ништо не направија. Немам ништо синко, ништо, леб немам да јадам. Работев на гостиварските гробишта, но ме избркаа, сега имам 64 години, што да правам? Немаме леб, немаме ништо, синот не работи, жена ми е инвалид“, вели Исман Абдии, домаќин.

Во истата ситуација живее и нивната сосетка, Елизабета Бошкова.

Собирајќи пластика, железо и други работи собрале пари за да ги состават документите за аплицирање за социјален стано но вчера кога становите беа доделени, ова семејство не се најде на списокот.

„Владата вчера подели станови, за седумдесет луѓе, никаде не бев. Не знам зошто. Дали оваа влада работи за сите или не. Становите ги дадоа вчера, министерот дојде од Скопје, седумдесет луѓе не ми договорија ништо, имам инвалид дома“, додава Исман.

Министерството за транспорт пред неколку дена соопшти дека овие лица имале станови во државна сопственост под кирија и затоа не им следуваат социјалните станови. Но, нивни станови беа овие урнатини кои пред половина година изгореа до темел.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button