Три вида на државна матура од наредната учебна година
Три вида на државна матура од наредната учебна година

Во следната учебна 2025-26 година матурантите за прв пат ќе се соочат со три вида на
државна матура, во зависност од средното образование што го завршуваат. Измените на
Законот за средно образование предвидуваат: Државна матура за гимназии, Државна
матура за стручни училишта и Државна матура за уметнички училишта. Од Државниот
испитен центар објаснуваат дека овие новости се позитивни, а на матурантите им ја
олеснува реализацијата на овие испити.
„Со Државната матура имаат право да конкурираат на сите факултети, додека со
Државната професионална матура можат да се ориентираат во насоките каде што
биле претходно. Ако биле во технички, електротехнички или машински училишта
тогаш нивната ориентација е кон техничките факултети и транзицијата кон нив е
полесна бидејќи тие се подготвени за тоа. Ако некој од отсекот машински избере да
аплицира на Економскиот или Правниот факултет тогаш ќе се пријави на Општата
државна матура “, рече Даниела Јовчевска Михајловска, директор на ДИЦ.
На Овогодинешната државна матура се пријавиле 15.000 матуранти. Во споредба со
претходната година, бројот на матуранти останува речиси ист. Сепак, според Државниот
испитен центар, бројот на ученици кои завршуваат средно образование со диплома за
завршено средно образование и влегуваат на пазарот на трудот останува низок.
Со законските измени се дефинирани одредби со кои средното образование се регулира
како институционално организирано, кадровски екипирано и содржинско, со цел да се
овозможи образование за сите ученици, вклучително и за децата со попреченост,
формирање на инклузивни тимови и поддршка на учениците со попреченост. Исто така, се
предвидени кариерно советување, советник за кариера и практичен образовен
координатор./Алсат.мк
Мелихате Рустеми