ВЕСТИСВЕТ

Тригодишно девојче и малолетник извлечени од под урнатините во Измир

Две деца на возраст од три и 14 години се извлечени од под урнатините по силниот земјотрес што пред три дена погоди делови на Грција и Турција.

Спасувачите во турскиот град Измир по цели 58 часа поминати под урнатините го извлекоа Идил Сирин, а неколку часа подоцна и тригодишната Елиф Перинчек.

Како што пренесуваат странските медиуми, тие се дехидрирани, но во стабилна состојба.

Земјотресот со јачина од 7 степени по Рихтер однесе најмалку 81 животи, а повредени се повеќе од 1.000.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button