ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Трикови кои ќе помогнат облеката да изгледа како нова

Неколку коцки мраз ставете во сушилницата за гардероба и вклучете ја на средината да врти околу 15 минути. Коцките ќе се растопат и ќе се претворат во пареа која ќе помогне да не биде многу гужвана облеката.
Малите ситни топчиња, особено на џемперите може да ги отстраните со помош на бикче за бричење. Најдбро е после перење на облеката додека е сеуште влажна, да ја поминете нежно со бикче по целата површина.
При перење додадете половина шолја сол (150грама) во машината за перење. Солта ја обновува бојата на облеката и спречува новата боја да избледи.
Солта може да се додава при секое перење, и пожелно е да се користи ситна сол за готвење, бидејќи морската потешко се разложува.
Непријатниот мирис отстранете го со сода бикарбона, со тоа што што ќе ги обложите чевлите во внатрешноста.
Извор: hybrid.mk
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button