КОШАРКАСПОРТ

„Трипл-дабл“ на Јокиќ, Лејкерси врзаа четири победи

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ испиша историја со уште една брилијантна партија во НБА лигата. Центарот на Денвер Нагетс забележа трипл-дабл со 28 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата над Кливленд Кавалирс од 121:108. Со тоа Јокиќ стана само четвртиот играч во историјата на најсилната лига во светот кој во шест различни сезони имаше двоцифрен број на трипл-дабл. Пред него тоа успеаја само Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон. Во поразениот тим најмногу се истакна Леверт со 22 поени, додека Гарланд имаше 21 поен.

Лос Анџелес Лејкерси со одличен тимски перформанс ја совладаа Атланта (130-114), врзувајќи четири славја во низа. „Езерџиите“ рано стекнаа огромна предност во Калифорнија, за мирно второ полувреме и рутинска победа. „Кралот“ Џејмс беше клучна фигура со 25 поени и 10 асистенции, меѓутоа одлични беа и Нан со 23, Шрудер со 21, Брајант со 19 и Вестбрук со 18 поени.

На останатите терени гостите беа поуспешни, па Милвоки загуби од Шарлот (109-138), Бруклин беше подобар од Њу Орлеанс (102-108), Чикаго славеше кај Филаделфија (112-126), Никси триумфираа во Торонто (108-112) и Мајами победи во Феникс (96-104). Домашни славја пак запишаа Минесота против Клиперси (128-115), Сан Антонио со Денвер (121-109), Оклахома го совлада Вашингтон (127-110) и Индијана со Портланд (108-99).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button