СПОРТФОРМУЛА - 1
Триумф на Верстапен, Ред Бул ја одбрани титулата кај конструкторите

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Јапонија и освои доволно бодови за да ја обезбеди титулата за својата екипа во конкуренција на конструктори.
Светскиот шампион на „Сузука“ стигна до 13. победа оваа сезона, а најблиску до холанѓанецот беа Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. И додека Ферстапен доминираше на патеката, неговиот тимски колега Серхио Перез не ја заврши трката откако направи неколку грешки и го оштети болидот.
Четвртата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари, по што следеше Луис Хамилтон од Мерцедес, па Карлос Саинц и Џорџ Расел.