МЕТРОПОЛ

Трка во вселената меѓу САД и Кина

По две успешни слетувања на Месечината, Кинезите се упатија кон црвената планета Марс. Нивната вселенска сонда влезе во орбитата на Марс оваа среда, а таму планираат двогодишна мисија. Кинеската сонда Тијанвен – 1 влезе во орбитата оваа среда. Научници од оваа областа велат дека оваа сонда носи некои од најнапредните научни инструменти досега. Потребни беа седум месеци да се патува од Земјата, за кинескиот ровер со шест тркала да кружи околу црвената планета. Паралелно со Кинезите, Американците и ОАЕ ги испратија своите сонди на планетата Марс. Сондата на ОАЕ влезе во орбитата на Марс еден ден порано, додека „Персеверансе“ на НАСА се очекува да влезе во атмосферата на Марс за осум дена. Сондата на НАСА, чија цена е околу 2,4 милијарди американски долари, се очекува да слета на дното на кратерот „Езеро“, за да бара знаци на живот во областа, каде што научниците велат дека станува збор за древна речна делта со езерски наоѓалишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button