ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трудниците и постарите да не одат на работа, негувателките да не ги изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот

Шестте региони во државава Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот од денеска се зафатени од високи температури во портокалова фаза. Состојбата на топлотен бран, како што соопшти Министерството за здравство, важи на целата територија на државата.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен.

Поради топлотниот бран, Владата објави препораки, меѓу кои и ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button