ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска не е загрижена од протестите на родителите против измените во законот за образование

Министерката за образование, Мила Царовка, не е загрижена по најавите за организирање протести против новиот предлог закон за учебници. Царовска рече дека најавените протести и иницијативата за референдум за реформите во образованието е право загарантирано со Устав. Таа додаде дека не се откажува од реформите за кои вели дека се во најдобар интерес на децата. Според Царовска, реформите што ќе се спроведат не се избрзани, туку задоцнети.

Ден претходно, групата на родители „Книги и настава мора да има“ најави протести за во сабота, во сите градови низ земјава. Меѓу другото, родителската група бара класичните книги дефинитивно да останат во употреба, за сите одделенија од основното и средното образование. Да не се комбинираат два или повеќе предмети во еден. Да се аргументира намалувањето на бројот на часови кај одредени предмети. Да се создадат соодветни услови за деца со попреченост. Да се воспостават протоколи за спроведување на настава со физичко присуство, како и да се вклучат претставници на групата и граѓанскиот сектор во работната група за измени во законот.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button