ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска очекува пораст на процентот на вакцинирани наставници

Задоволни сме од процесот на вакцинација на наставниот и помошниот кадар, но важно е тој да продолжи и понатаму, рече денеска министерката за здравство, Мила Царовска.

„Многу добро се одвиваше координацијата помеѓу министерството за здравство и за образование, како и училиштата за да се спроведе целата таа акција на вакцинирање на наставниците, но и целиот помошен кадар во училиштата. Ние сме задоволни од процентот на вакцинација, но значајно е тој да продолжи и понатаму и затоа во континуитет се повикуваат и мислам дека процентот во континуитет ќе се зголемува“, рече Царовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button