ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска: Засега нема индикација за промена на наставниот модел

Вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Епидемиолозите следат, Комиисјата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште се 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што е навистина многу низок процент. Очекувам дека ќе успееме да се одржиме во ниски проценти, затоа што највисок интерес на учениците е да бидат во училница, нагласи Царовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button