ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Цела деценија ниту една општина на купила противпожарно возило

Во последните десет години државата нема купено ниту едно противпожарно возило наменето за гаснење пожар во шумски предели. Купувањето на противпожарни возила е исклучиво во надлежност на локалната самоуправа, односно од општинските буџети се издвојуваат пари за опрема потребна за пожарникарите, купување на опрема за возилата или за купување на нови возила. Околу 70 противпожарни возила од вкупно 241 со кои располага земјава се добиени по пат на донации од приватни компании, држави или организации. Во последните години неколку општини возила биле донирани во следниве општини:

Донирани противпожарни возила:

  • Општина Охрид-  товарно противпожано возило- Донација од Германија 2019 година
  • Општина Велес-  теренско противпожарно возило- Донација од Јапонија,2017 година
  • Општина-Прилеп -товарно моторно возило- Донација од приватна компанија 2019, година.
  • Општина Крива Паланка- противпожарно возило за ТППЕ- Донација од Словенија,2021 година

Но, само мал дел од донираните возила можат да гасат пожари на планински локации. Во мај годинава Град Скопје набави противпожарна скала во вредност од 1,7 милиони евра, и наиде на низа критики во јавноста дека се потрошиле премногу пари за возило кое гаси само во урбани средни. Тогаш пожарникарите апелираа дека оваа противпожарна скала барале да се набави повеќе од десет години.

„Намената и потребата за оваа скала за купување се провлекува веќе 10 години и е ставена во јавни набавки од 2010 година досега“, рече Владимир Симоновски- Командир на противпожарна бригада Скопје.

Просечната старост на пожарникарските  возила е од 29 до 30 години. Според официјалните податоци три компании се најпознати за да може да се набави едно противпожарно возило. Од моментот на набавката потребни се од 9 до 10 месеци компанијата да го испорача возилото. Просечната цена на противпожарно возило наменето за гаснење пожари во урбани средини се движи од 100 до 200 илјади евра додека се специјално возило наменето за шумски предели цената достигнува до 400 илјади евра. Покрај возилата противпожарните бригади се соочуваат и со недостиг од над 500 пожарникари неопходни за заштита на граѓаните од пожари.

 

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button