МАКЕДОНИЈА

Целата администрација да се врати на работа од 1 февруари, предлага МИОА

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), предлага од 1 февруари администрацијата целосно да се врати на работа, да нема ротации. Но, Владата не донесува одлука во врска со ова, но им препорачува на институциите во моментот кога за тоа ќе имаме и мислење од Комисијата за заразни болести, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека на вчерашната владина седница не станало збор за оваа тема бидејќи, како што рече, нема добиено мислење од Комисијата за заразни болести.

На новинарско прашање за сметководителите и нивните барања, Хоџа информира дека сите барања од сметководителите се реализираат од надлежните институции и изрази надеж дека во текот на денот или во текот на утрешниот ден ќе има одговор на нивните прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button