ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Целиот булевар „Цветан Димов“ во Чаир е поделен со бетонски барикади

Синоќа, за време на полицискиот час, беа поставени бетонски барикади по целата должина на булеварот „Цветан Димов“, познат како Чаирчанка. Жителите од оваа зона очекуваа такво нешто, бидејќи првиот сегмент од патот се постави лани, но нивниот револт е поголем бидејќи бетонот го попречува, според нив, слободното движење.

„До некаде маат право, но сообраќајот е многу оптоварен, се надевам дека наскоро ќе го отстранат, бидејќи ако продолжи вака, не знам што ќе се случи. Единственото решение е да се исечат овие дрвја за да се прошири патот, нема друго решение или пак да се отвори тунелот под Кале“.

Со децении, кошмар на секој возач е да го помине овој пат, бидејќи долгите колони предизвикуваат чекање и нервоза. Тие ги обвинуваат надлежните за тоа што не наоѓаат други решенија за паркирање и растоварување на сообраќајот на другите патни правци. Автомобилите ги зафатиле и тротоарите.

„Моето мислење е дека е во ред затоа што минувачите минуваат на погрешно место или го вртат автомобилот тука, ова е добра идеја затоа што нема место за зеленило на средина затоа што патот е полн со продавници“.

„И покрај поставувањето на бетонски огради тука на еден од најфреквентните булевари во главниот град „Цветан Димов “, сообраќајот сè уште е пренатрупан во екот на денот, како денеска“.

Од Град Скопје велат дека ѕидот изгледа лошо, но единственото итно решение било поставување бетонски барикади. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека тоа е направено за безбедноста на пешаците во таа област.

И од општина Чаир велат дека ова е привремено решение сè до пуштање во употреба на електрични автобуси во главниот град. Минатата година беа поставени бетонски огради на овој булевар, што според надлежните органи го олесниле сообраќајот, додека граѓаните бараат друго долгорочно решение.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button