СВЕТ

Целосен хаос во Лондон Хитроу, откажани повеќе од 30 летови!

Денеска во утринските часови, во моментот на најголемиот сообраќај на лондонскиот аеродром Хитроу, се крена невидена гужва откако управата на аеродромот побара од авиокомпаниите да откажат дел од летовите. На планираните линии утринава не полетаа вкупно 30 авиони, што со оглед на капацитетот на секој од приземјените авиони остави илјадници на земја.

Причина? Капацитетот што може да го обработи аеродромот и неговиот персонал е надминат и велат, нема кој да им ги прегледа документите, да им го земе багажот, да направи безбедносна проверка …

Бројни патници дознале дека летот им е откажан дури при пристигнувањето во зградата на аеродромот, што предизвикало невидени гужви, протести, редици и инциденти на терминалите.

Повеќето патници ќе бидат префрлени на еден од подоцнежните летови и ќе успеат да полетаат денеска, а другиот алтернативен лет ќе чека до утре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button