ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цените на становите нема да се намалуваат

Цената на становите полека се стабилизира, намалување граѓаните да не очекуваат. Од 2019 до 2021 година цената на становите е зголемена за 20 отсто, а тоа пред се се должи на зголемената цена на градежните материјали. Лани најскапите станови се продавале во скопски Центар по цени до речиси 1300 евра. Нешто поевтини биле становите во Карпош и Аеродром. За годинава забележителен е растот на цените на недвижнините, но од консултанската компанија за недвижности Фортон велат дека се уште се прават анализи. Во Чаир и Бутел станбен квадратен метар се продава над 1000 евра.

„На среден рок повеќе, ако цената на градежните материјали не расте, нема да има драстично зголемување на цените. Пазарот е балансиран. Не гледаме станови кои се испорачани на пазарот, а стојат не продадени. Традиционално, зошто е тоа така, македонското население се уште купувањето на стан го гледа како најсигурна инвестиција“, рече Олга Дервенџи, менаџер за развој на „Фортон Македонија“.

Лани градежните фирми добиле дозвола за изградба на близу осум илјади станови, кои допрва треба да се изградат. Во исто време на територија на Македонија продадени биле 4 500 станови. Истражувањето на Фортон покажало дека во време на пандемија пораснало и изнајмувањето на деловен простор, иако добар дел од вработените работеа од дома.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button