СПОРТФУДБАЛ

“Црвени Ѓаволи” чекаат на одлуката на Барселона за Ансу Фати

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја искористи ситуацијата од незадоволството поради малата минутажа на крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати. Доколку тој биде ставен на фудбалскиот маркет, „црвените ѓаволи“ ќе испратат официјална понуда за да го доведат на „„Олд Трафорд“.

За 20-годишниот талент сѐ почесто се шпекулира дека е подготвен да го напушти “Камп Ноу” бидејќи е незадоволен од малата минутажа што ја добива. Поради тоа и не би било големо изненадување доколку биде продаден, особено што Каталонците треба итно да ја наполнат касата.

Фати има 38 настапи од почетокот на сезоната, но, сепак, тој започна само девет натпревари во Ла Лига, а тренерот Чави Хернандез претпочита да користи други играчи на напаѓачките позиции. Ова не му се допаѓа на младиот талент, кој иако има договор на уште четири години, може да побара и трансфер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button